Можеме ли да работиме помалку и да ги задржиме истите приходи?
Долго време Меѓународната организација на трудот е бранител на идејата за 4-дневна работна недела. Ќе остане ли економијата во Македонија стабилна, доколку работиме помалку?
Да почнеме од таму што значи во пракса 4-дневна работна недела и кој колку работи во моментов? Според меѓународната статистика Австријците, Грците и Англичаните се први со над 42 одработени часа неделно. Данска, Литванија и Ирска пак се соодветно на дното на листата. Ние сме во златната средина со околу 41 работни часови во неделата.
Каде во Европа се применува овој модел?
Во моментов идејата е предмет на сериозна дебата во Русија. Реално 4 работни денови има во Холандија. Ваквата практика постои и кај државните институции во соседна Грција, а спротивно од тоа 4-дневниот работен режим во американската држава Јута ќе биде укинат поради неможноста на луѓето да ги добијат услугите на администрацијата.
Дебата и мислење на работодавачите
При 4-дневна работна недела сепак ќе се наметне потребата од ангажирање на дополнителен човек. За работодавците ова е главниот аргумент против идејата. Помалку работни дена би направиле промена. Не може да се задржи истата плата за 5-дневна работна недела во 4-дневна, велат работодавачите.
Тие не гледаат смисла и во хипотезата дека помалку работни денови ќе ги намалат штетните емисии во воздухот, бидејќи, според нивните зборови, тие се одделуваат од индустријата и од претпријатија, при што работниот циклус е непрекинат.
Синдикатите
Синдикатите во Европа, сметаат дека воведувањето на 4-дневна работна недела претстои наскоро. Повторно според нив приходите на луѓето ќе се намалат без пардон.
Компромис што е подлежен на анализа
Ова покажува дека не се толку важни деновите, туку работните часови. Ако работиме 4 дена по 10 часа, ние повторно ќе бидеме ангажирани 40 работни часа. Предноста е во тоа што додаваме еден ден кон викендот. Согласно со тоа идејата за помалку работа за истите пари изгледа примамливо на прв поглед, но само на прв, бидејќи за вработениот човек најважни се примањата. Би се согласиле ли на поангажирани 4 работни дена, за сметка на 3 слободни?
Проблем
Кај нас клучниот проблем во тоа што многумина од вработените во приватните сектори имаат слободни едвај 1 ден, е недостатокот од вработени во една фирма. Така еден ја работи работата, што би требало реално да ја работат минимум двајца, а доколку се пожали или откаже не е тешко набрзо да се најде замена, поради големата стапка на невработеност во земјава. Од тие причини доколку се усвои идејата за 4 работни дена, ќе се наметне потребата од повеќе вработени, па со тоа ќе се намали и платата, е ставот на работодавачите. Но, можебиби токму со продуктивноста поради тоа што сме одморени од една страна, и зголемувањето на човечките ресурси од друга, може фирмата да забележи поголема продуктивност, па со тоа да се зголемат и приходите.
Посреќни
Едно е сигурно – ако работиме помалку, ќе имаме повеќе време за себе. Тоа, според некои психолози, ќе не направи посреќни. Ние веруваме дека подолг викенд ќе не направи и повеќе продуктивни со оглед на тоа што ќе можеме сосема одморени да се впуштиме во обврските кои што не очекуваат.