На повеќето од нас ни се наметнува да стануваме рано наутро од понеделник до петок, знаејќи дека не чекаат куп неизбежни и важни задачи.
Фер е да си признаеме дека познаваме многу малку луѓе кои без проблем се будат во 6 или 7 часот наутро … Па, навистина им се восхитуваме и ги прашуваме „Како го прават тоа?”
Повеќето луѓе се навикнати да се будат со кафе, но освен освежителниот ефект, при редовна употреба на пијалоците со кофеин, истите можат да доведат и до негативни последици. Внесувањето на високи количини од оваа материја може да доведат до тешко заспивање и намален квалитет на сонот. Според италијанско истражување миризливиот пијалок значително го зголемува ризикот од развој на постојана хипертензија кај луѓето со зголемен крвен притисок.
Размислувајќи за негативните ефекти на кафето, и пиејќи го истото, решивме да побараме на интернет неколку начини со кои што можеме да расониме без кафе (!)
Утрински туш
Допирањето со вода, исто така помага за будење. Ако од топла движите кон поладна вода – ефектот ќе биде загарантиран.
Сончева светлина
Според истражувањето на Универзитетот во Лиеж луѓето кои биле изложени на силна сончева светлина рано наутро, се повнимателни и со зголемена активност на мозокот. Освен тоа разбудени на тој начин вие се чувствувате подобро одморени.
Утринска гимнастика или секс
Неколку минути утринска гимнастика или секс ќе ја зајакнат циркулацијата. Одлучете се кои физички вежби се за вас, и ги правете секој ден. Што е поубаво од тоа да го разбудите вашето тело по природен пат?
Чај од нане
Нането се поврзува обично со рекреативен пријатен мирис и специфичен освежувачки вкус. Ние ве охрабруваме да се обидете со оваа замена.
Појадок
И не на последно место е појадокот. Тој ви дава енергија и помага да станете фокусирани. Според истражувањето деца кои доручкуваат наутро се повеќе концентрирани во училиште. Избегнувајте ги сепак јагленохидратите.
Утринска прошетка или џогирање
Започнете го вашиот ден со утринска прошетка или џогирање и ќе го постигнете ефектот од едно испиено еспресо, но во прилично здрава доза.