Овие факти веројатно нема многу да ви помогнат во животот, но сигурно добро ќе ве забавуваат.
Дознајте нешто ново.
1. Популарниот „француски бакнеж“ во Франција е познат како „англиски бакнеж“.
2. Бубашвабите можат да живеат неколку седмици без глава.
3. Твоето срце дневно отчукува повеќе од 100.000 пати.
4. Се раѓаме со 300 коски, а до смртта имаме 206.
5. Делфините пливаат со едно отворено око.
6. Месеците кои што почнуваат во сабота секогаш имаат петок 13-ти.
7. Секоја година се повеќе луѓе умираат од пчела, отколку од змија.
8. Најстарата гума за џвакање во светот, е стара 9.000 години.
9. Ноктите на рацете растат 4 пати побрзо од оние на нозете.
10. Адолф Хитлер бил вегетаријанец.
11. Луѓето кои пишуваат со десна рака во просек живеат 9 години подолго од левичарите.
12. Жените трепкаат 2 пати повеќе од мажите.
13. Жирафата со својот долг јазик може да ги исчисти своите уши.
14. Една четвртина од коските во нашето тело, се наоѓа во стапалата.
15. Во Небраска, во Америка противзаконско е да кивнете во црква.
16. Медот е единствената храна, што не може да се расипе.
17. Во 1386 година во Франција била обесена свиња, под сомнеж дека убила дете.
18. Роденденот го делите со отприлика околку 9 милиони луѓе на земјата.
19. Во секое време околу 0.7 отсто од популацијата е пијано.
20. Кечапот во 1830 година, бил продаван како лек.
21. 1 од 9.000 луѓе е албино.
22. 98 отсто од сите убиства ги започнуваат членови од семејството или пријатели на жртвите.
23. Секоја година во Америка се снимаат околу 500 филмови, во Индија 800.
24. Принцот Чарлс и принцот Вилијам никогаш не патуваат со ист авион, за да не се случи и двајцата да загинат во несреќа.
25. Најмногу црвенокоси луѓе се раѓаат во Шкотска.