Подобро заобиколете ги: Најозлогласените патишта со духови

Приказните за духови по патиштата се едно, ама пријавените средби со духови во полиција добиваат на сериозност. Следува листа на најозлогласените рути со најмногу пријавени глетки на сеништа.

 

A75 Kinmont Straight, Шкотска

desktop-1412784657[1]

Овде има толку многу пријавени глетки на призраци и сеништа, што патот е наречен „Пат на духови“. Во 1957-та, еден камионџија забележал брачен пар како пешачи среде патот. Било предоцна за да закочи, па бил сигурен дека ги удрил. Застанал, но не нашол никаква трага од такво нешто.

 
 

A229, патот од Сусекс до Кент

desktop-1412781246[1]

Наводно, жена во бел фустан внимава на овој проколнат пат во Англија. Многу возачи потврдиле дека ја виделе како оди пред нивниот автомобил. Како и во претходниот случај, многу возачи нагазуваат на кочницата за да избегнат да ја удрат, а исходот е секогаш ист. Тие се убедени дека налетале на жената, но кога ќе излезат од нивните автомобили за да и помогнат или да ја проверат штетата, нема никаква трага од несреќата.

 
 

Kelly Road, Пенсилванија

desktop-1412784402[1]

Патот минува низ густа и пространа шума, а возачите често слушаат и гледаат необјасниви нешта. Многумина претпоставуваат дека „опседнатоста“ е резултат на активностите на еден сатанистички култ, чии ритуали биле изведувани близу патот.

 
 

Stocksbridge Bypass, Англија

desktop-1412783028[1]

Оваа обиколница е опседната од мистериозен калуѓер. Неколку луѓе имаат пријавено дека го виделе, а полициската истрага не најде никаква трага од него. Наводно, монахот стои крај патот и ги набљудува автомобилите што минуваат. Има и такви што тврдат дека калуѓерот им се појавил во автомобилот, додека возеле, што е уште пострашно.

 
 

Tuen Mun, Хонгконг

desktop-1412781773[1]

Добар дел од опасноста се должи на тоа што патот не е редизајниран за да одговара на модерните возила и сообраќајните правила. Но, најстрашно е тоа што наводно често се појавуваат духови среде патот, заради што многу возачи изгубиле контрола и влетале во несреќи.

 
 

Автопатот M6, Англија

desktop-1412782183[1]

Најдолгиот пат во Англија има и долга историја на средби со морничави привиденија. Возачите пријавуваат дека виделе навистина чудни нешта: римски легии што маршираат, опседнати автостопери и пик-ап камионет без возач.

 
 

Highway 666, Јута

desktop-1412781524[1]

Кога имате автопат што го носи бројот на Сатаната, многу веројатно е дека ќе се случи нешто лошо. Барем таков е овој случај. Патот е дури преименуван, за да се избегне секоја шанса за лоша среќа што би можела да потекнува од бројот. Залудно, возачите и натаму тврдат дека забележале разни призраци – возила без возачи, духови во своите автомобили, духови-автостопери.

 
 

Dead Man’s Curve (Кривината на мртвиот човек), Охајо

desktop-1412784172[1]

Со такво име, патот мора да е опседнат. Кривината е дел од патарина изградена во 1831-та. Возачите велат дека забележале автостопер без лице, кој се појавува на патот и ги плаши минувачите.

 
 

Clinton Road, Њу Џерси

desktop-1412780826[1]

Патот важи за опседнат и небезбеден. Гласините велат дека ако фрлите паричка од мостот, духот на мало момче ќе ви ги фрли назад. Делумно заради ова, патот е атракција каде што се состануваат многу следбеници на Сатаната, но и членови на Кју Клукс Кланот. Опседнат или не, подобро е да го заобиколите.

- Реклама -