10 лековити начини на користење на кокосовото масло во готвењето

Кокосовото масло е една од најздравите видови на храна на планетата!
Постојат многу популации низ целиот свет (како Тајланд, Шри Ланка и Филипините) кои се развивале во многубројни семејсва јадејќи големи количини на кокос.

Кокосовото масло содржи лауринска киселина, која ги убива штетните патогени, како бактерии, вируси и габи. Мајчиното млеко не е единствениот природен извор кој содржи толку висока концентрација на лауринска киселина.

Ова тропско масло е исто така составено од среден синџир на триглицериди (MCTs), кои се метаболизираат на поинаков начин од другите кратки и долги синџири на масни киселини. Тие не се апсорбираат од телото како масти, туку се претвораат за користење на енергија.

Готвењето со кокосово масло е одлично бидејќи има висок степен температурна точка кога маслото ќе почне да чади, или точка на горење. Ова значи дека можете да готвите на висока темпрература без да го изгорите маслото и да ги оштетите неговите својства. (Конзумирањето на изгорено масло е многу штетно за вашето здравје, поради што не треба да готвите на висока температура со extra virgin- маслиново масло.)

Забелешка- готвењето со кокосово масло не прави јадењето да има вкус на кокос, туку има убав вкус, налик путер.

Screenshot_9

Ова се само некои од многуте неверојатни бенефиции и употреби на оваа чудесна супер-храна:

Намалете го холестеролот со редовно конзумирање на кокосово масло.

Подобрете ја функцијата на имунолошкиот систем и отпорноста на телото од вируси и бактерии со редовно конзумирање на кокосово масло.

Одлично е за готвење на печени, пржени работи како и макала.

Може да помогне во губењето на килограми ако се зема секојдневно, бидејќи не складира масти и може да го забрза вашиот метаболизам. (Резултатите се видливи со 1-3 лажички дневно).

Додадете го во свежите пијалоци (анг. smoothies) за цела низа на хранливи придобивки. Пробајте го ова!

Може да се користи како здрава замена на кремот или млекото за кафе.

Може да го забрза вашиот метаболизам, па можете да согорите повеќе калории природно.

Може да го подобри варењето на храната ако се зема пред јадење.

Ги намалува топлите бранови преку способноста на кокосовото масло за регулирање на хормоните.

Може да биде терапевтски за мозочните нарушувања, епилепсија и Алцхајмерова болест.

Погледнете ги Неограничени благодети на кокосовото масло за вашата убавина!

- Реклама -