Ова мора да го слушнете: Пее две ноти истовремено!

Ана-Марија Хефел има неверојатна, нечовечка вештина. Таа може да пее две различни ноти, истовремено! Веројатно прво помисливте: „Глупости!“, но има да се изначудите кога ќе го погледнете видеото – процес низ кој и ние самите поминавме.

Германската вокалистка го тренира својот глас за полифонско „overtone“ пеење речиси цела декада, од 2005-тата. Поимот „overtone“ се однесува на музички тон што е дел од хармонска серија, а е над фундаменталната скала и може да се слушне паралелно со неа. Вештината е позната и како „пеење од грло“.

Тоа значи дека Ана може да пее различни нискотонски скали (фундаменти) истовремено придружени со високи тонови. Уште поимпресивно е што нотите што ги пее се разидуваат. За лаиците, Хефел звучи како две различни пејачки во дует, како вонземска песна, како чудна музика од научно-фантастичен филм.
За оние што се на брзање, најфасцинантното започнува од 3:25. За останатите, целото видео е задолжително.

 

- Реклама -