Што е љубовта според децата

Група истражувачи им постави на деца од 4 до 8-годишна возраст исто прашање: „Што е љубовта?”.

Целта на анкетата, според зборовите на шефот на тимот Лео Баскија, била да се пронајде најостроумното дете. Одговорите сепак се покажале многу подлабоки и поостроумни отколку што очекувале научниците. Еве дел од нив.

*
„Кога баба ми се разболе од артритис, таа повеќе не можеше да се превиткува и да си ги лакира ноктите на нозете. Дедо ми постојано го правеше тоа за неа дури и тогаш кога и неговите раце откажаа од артритис. Тоа е љубов. ” – Ребека, 6 години

36_donald_zolan

„Ако некој те сака, тој го изговара името  повеќе посебно. И ти знаеш дека твоето име е безбедно, кога му е во устата. “- Били, 4 години

„Љубовта е кога одиш некаде да јадеш и му даваш на некого повеќе помфрит, но не го тераш да ти дава нешто за возврат.” – Криси 6 години

painting_children_kjb_DonaldZolan_62ForestsandFairytales_sm

„Љубовта е она што те тера да се смееш кога си уморен.” – Тери, 4 години

„Љубовта е кога мама му прави кафе на тато и пие една голтка пред да му ја даде чашата, за да биде сигурна дека е вкусно.” – Дани, 7 години

42996_mn66com

„Љубовта е кога постојано се бакнувате. А потоа, кога ќе се изморите од бакнување, уште барате начин да сте заедно и да разговарате. Исто како тато и мама. Кога се бакнуваат, тие изгледаат како еден цел човек. ” – Емили, 8 години

„Љубовта е кога ќе му кажеш на некое момче дека ти се допаѓа кошулата, а тој потоа ја носи цел ден.” – Ноел, 7 години

painting_children_childhood_kjb_DonaldZolan_40DozensofDaisies_sm

„Љубовта е кога мама ќе го види тато испотен и валкан и пак му вика дека е поубав од Роберт Редфорд.” – Крис, 7 години

„Љубов е кога кученцето ми го лиже лицето, дури откако сум го оставила самичко цел ден.” – Мери Ен, 4 години.

images

„Ако не сакаш, во никој случај не треба да велиш „Те сакам “. Ако сакаш, сепак, треба да го кажуваш тоа постојано. Луѓето забораваат. ” – Џесика 8 години

 

- Реклама -