Ако и вам ви се допаѓаат капите како моден додаток, многу веројатно е дека имате завидна колекција од нив.
Кој е вистинскиот начин да ги чувате?
Веројатно ви се „обесени“ на некоја закачалка во плакарот, или скриени зад вратата, па затоа ви ги претставуваме на еден поинаков начин на распоредување.
Нашиот денешен 365проект за домот се вика: Инспирација, организација, декорација!
Тие можат да бидат закачени на ѕидот, како начин за чување од една страна, а од друга – како декорација за домот и уметност.
Се што ви треба е празен ѕид во спалната соба, дневната или ходникот и неколку големи закачалки! Капите имаат толку многу карактер и индивидуалност, па зошто да ја потценуваме нивната убавина?