Најголемите светски лидери во младоста

Дали некогаш сте се запрашале со што се занимавале денешните светски лидери кога биле помлади?

Можеби за некого е изненадувачки, но тие не гледале телевизија нон-стоп и не  разговарале постојано за политика.

1. Барак Обама , претседател на САД

 

По дипломирањето во Универзитетот Колумбија, во 1983 година, Обама се преселил во Чикаго, каде им помагал на заедниците во јужниот дел на градот, настрадани од затворањето на локални фабрики за челик. Пред да запише право на Универзитетот Харвард во 1988 година, Обама ја открил својата духовна страна, приклучувајќи се кон Trinity United Church и патувал, посетувајќи ги роднините во Кенија.

Интересни факти: Обама поминал две години на колеџ во Лос Анџелес, пред да се префрли на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој исто така употребувал алкохол, марихуана и кокаин како тинејџер.

2. Владимир Путин , претседател на Русија

 

Путин сакал да се занимава со разузнавање уште пред да има завршено универзитет. Откако дипломирал право во Ленинградскиот универзитет, тој започнува работа во Државна безбедност. Откако почнал да се занимава со контраразузнавање, странските служби почнуваат да го забележуваат. По дипломирањето, Путин поминува над една деценија во разузнавањето.

Интересени факти: Раните години на Путин се до одреден степен тајна. Се смета дека додека бил студент, во слободно време  тренирал џудо.

 3. Ангела Меркел , првата жена канцелар на Германија

 

Меркел го сретнала  првиот сопруг Улрих на Лајпцишкиот универзитет во 1974 година, кога таа имало само 20 години, а се омажила со него во 1977 година, делумно бидејќи ако сакале да живеат заедно, требало да ги почитуваат правилата на режимот. Додека била на универзитетот, Меркел работела како барменка и живеела со нејзиниот сопруг.

Интересни факти: Првиот брак на Меркел завршува со развод во 1982 година. Таа се омажила повторно во 1998 за Јоаким Зауер, професор по хемија од Берлин.

4. Башар ал-Асад, претседател на Сирија

 

Асад  поминува поголем дел од годините помеѓу 20 и 25, учејќи медицина на Универзитетот во Дамаск, каде дипломирал во 1988 година.  Додека се подготвувал за лекар и бил на специјализација во воената болница во близина на Дамаск, Асад немал планови да влезе во политиката . По правило, неговиот постар брат, Басет било во ред ж да ја преземе власта од нивниот татко, поранешниот сириски претседател Хафез ал-Асад. Откако Басет починал во сообраќајна несреќа, Башар станал наследник на татка си.

Интересни факти: Асад работел како воен лекар во Дамаск, по што се преселил во Лондон. Тој немал намера да се враќа веднаш во Сирија и во тоа време немал никакви политички апетити.

5. Бенџамин Нетанјаху, премиер на Израел

 

Нетанјаху се приклучува на израелската армија уште пред да  наполни 20 години, каде служел во елитните  делови за одбрана. Тој учествувал во неколку познати операции, меѓу кои и „Операција изотоп,” спасувањето во 1972 година на киднапиран патнички авион. На крајот на 20-те години Нетанјаху се преселил во САД, каде што студирал архитектура и бизнис администрација на МИТ.

Интересни факти: Пред да наполни 30 години, „Биби” веќе ги напуштил израелските специјални единици, каде учествувал во бројни воени операции, меѓу кои и инвазија длабоко во сириска територија.

6. Дејвид Камерон , премиер на Велика Британија

 

По дипломирањето на колеџот Бреисјоноус, Камерон работи во научниот оддел на Конзервативната партија. Иако Камерон се смета за работлив и талентиран вработен, додека бил во канцеларијата на партија, тој бил член на елитниот студентски клуб Булингден, познат по својата бунтовност  и создавање на проблеми.

Интересен факт: Членовите на Булингден се познати со големите пиенки и лошо однесување, а Камерон секогаш одбивал да зборува за тоа. Во годините членовите на клубот имале најразлични вандалистички манифестации во ресторани и во студентски соби.

7. Ким Јонг-Ун, врховен лидер на Северна Кореја

 

Поголем дел од раните години на Ким Џонг-Ун, дури и годината  на раѓање (која официјално е 1982), се обвиткани во мистерија. Тој го посетувал Воениот универзитет Ким Ил Сен и започнал да го придружува неговиот татко Ким Џонг-ил во текот на воените  инспекции, уште пред  да наполни 30 години. Со влошувањето на здравјето на неговиот татко Ким е унапреден во  генерал, заменик-претседател на Централниот воен комитет на работничката партија и член на Централниот комитет, а сето тоа се случува во рамките на неколку часа во 2010 година.

Интересен факт: Ким е заколнат фан на кошаркарскиот тим Чикаго Булс. Тој го обожавал Денис Родман, со кого на крајот се сретнал во 2012 година, кога кошаркарската ѕвезда ја посетила Северна Кореја.

8. Хасан Рухани, претседател на Иран

 

Откако дипломирал право во техеранскиот универзитет, Рухани патувал низ Иран, кажувајќи говори во поддршка на ајатолахот Хомеини. Неговото однесување води до тоа што е принуден да ја напушти земјата и да се приклучи на ајатолахот, кој е во егзил во Париз. Рухани е уапсен многу пати пред  да  наполни 30 година, поради преданоста кон Хомеини.

Интересни факти: Рухани учел во Шкотска. Се смета дека течно говори персиски, англиски и арапски, како и малку француски, германски и руски.

 

- Реклама -