Maска со кафе за темна коса

Маските за коса ја прават косата сјајна на изглед и мека на допир.

На интернет просторот можат да се најдат многу интересни рецепти за подготовка на маска во домот.

Еве еден од нив.

За да ја подготвите, потребни ви се:

– балзам за коса ( по ваш избор)

– свежо сварено кафе (1 шолја)

– количината прилагодете ја на должината на вашата коса.

Помешајте ги состојките и нанесете ги на целата должина од вашата коса. Оставете ја 15 минути, па измијте ја со студена вода.

n34114

Резултат:

-косата ќе ви стане сјајна

– ќе добие „длабок“ прелив

– ќе стане мека на допир.

– ќе исчезне жолтеникавата боја и цветот.

 

- Реклама -