Полнети гнезда – брз и едноставен рецепт за аматерите во кујната

Доколку немате многу време и вештини за готвење, а очекувате драги пријатели на гости, овој рецепт е како создаден за вас.

Состојки:

– 2 мали главици кромид
– 350 г. мелено месо
– Сол, мешавина од зачини (по вкус)
– Мелена црвена пиперка (по вкус)
– 500 г. шпагети
– Доматен сос (Томатело)

dscn0175_1411913403_zena_recepti_650x380

Подготовка:

1. Кромидот ситно исецкајте го и пржете го во загреано масло додека не добие златна боја.

2. Додадете го меленото месо, солта, зачините, мелената црвена пиперка, и се промешајте и пржете заедно. Кога месото ќе биде готово тргнете ја смесата од оган.

dscn0171_1411913355_zena_recepti_650x380

3. Шпагетите сварете ги во засолена вода и исцедете ги (ова всушност можете да го направите уште на самиот старт, па за време да варењето паралелно да го приготвите сосот).

4. На чинија сервирајте ги шпагетите во облик на гнездо, ставете го меленото месо во вдлабнатината, и послужете заедно со сос од домати.

Пријатно јадење!

- Реклама -