Секојдневно преку нашата рубрика „Патувања“, ве носиме на пат околу светот, а денеска 365 возот ќе застане кај нашите соседи.
Бугарија е земја која може да се пофали со исклучително убави туристички атракции и неверојатни природни вдлабнатини.
Седумте Рилски езера
Една од главните туристички атракции во Бугарија е групата од глацијални езера, што се наоѓаат високо во планината Рила. Вистинското време за посета на езерата е во летните месеци, со тоа што дури во јуни езерата можат да бидат замрзнати. Патот до езерата не е лесен, иако постои жичара која го скратува растојанието по стрмните планински падини.
Легендата вели дека езерата се формирале од солзите на жена гигант, кој плачела за својот љубен.
Копривчица
Следејќи ги тесните улички на Копривчица се чувствувате како да сте се вратиле во далечната 1876 година. Копривчица е полна со споменици и куќи-музеи, во кои се прикажани антички оружја, земјоделски орудија, носии, уметнички дела и накит. Со своите 1060 метри надморска височина, градот е највисоко распореден во целата земја. Балканот го притиска од сите негови страни.
Населбата, е тесна – со должина од 3 км и ширина над 600 метри. Денес куќите на Копривчица се распростанети по околните височини во сите правци, таму, и каде што е погодно за неговите жители, и каде што гостите на ова свето место, ќе се чувствуваат удобно и заштитено, притоа без тоа да ја загрозуваат животната, убава глетка.
Белоградчишките карпи
Белоградчишката тврдина е преградна од природни низи од карпи. Глетката е толку уникатна и живописна што изгледа како декор од некоја бајка. Белоградчишките карпи, беа номинарани во 2009 година за едно од новите седум светски чуда, а истите се прекрасни формации во различни форми.