Болт победи и прегази девојка (видео)

На трката на 100 метри на митингот од Дијамантската лига во Осло победи најбрзиот спринтер на светот, Усеин Болт со време од 9.79.

Со овој резултат, најбрзиот човек на светот за девет стотинки го надмина рекордот на натпреварувањето во главниот град на Норвешка. И второто и третото место им припаднаа на неговите сонародници, Асафа Пауел (9.85), со негов личен рекорд сезонава, и Лерон Кларк (10.10).

„Задоволен сум поради победата, но чувствувам дека можам да трчам многу побрзо. Сè уште имам проблеми со стартот, најмногу поради смената на стартните блокови. Новите блокови се нешто помали од претходните и дополнително ми ја отежнуваат работата, бидејќи јас имам навистина големи стапала“ изјави Болт.

Прочитајте и:  Пол ги демантираше гласините: Борбата со Тајсон не била наместена

{youtube}NhLr-fz_CAA{/youtube}

Поради инерцијата, Болт за малку ќе ја прегазеше девојката што му пријде со цвеќе да му ја честита победата, но добрата телесна координација му овозможи да ја фати и целата приказна да заврши со насмевка.

Објавено во соработка со Екипа.

- Реклама -