Уникатни кафе-маси со неспоредлива убавина и единствена привлечност

Кафе-масата како елемент околу кој е организирана целата дневна соба, се чини природно дека треба да биде привлечен, па дури и уникатен дизајн.

Но, таквите примери не се ретки. Секој ден откриваме нови изгледи достојни за нашата листа на омилени. Ова се најновите такви откритија.

Трупец маса.

Може да се видат сите убави несовршености во ова парче дрво. Токлу едноставно, но толку драматично.

Куп од дрвени столбови.

Ако сакате по уметнички стил, оваа маса е совршена за тоа. Дури има и вградена фиока.

Нерамен куп дрва и стакло.

Дизајн кој ја носи плажата во вашиот дом на многу уметнички и практичен начин.

Неочекувани комбинации од материјали.

Некои кафе-маси импресионираат не само со својата форма и дизајн, туку и со материјалите од кои се направени.

Еко-пријателски.

Едноставна, шик и повеќенаменска маса може да додаде архитектонски стил во затворен и отворен простор, со која ќе се чувстувате поблиску до природата и свежината.

Минијатурен дизајн.

Многу невообичаен, но многу интересен дизајн за кафе-маса, совршена за дневна соба со индустриски изглед.

Елегантни, криви линии.

Комбинација на топлината на дрвото и променливоста на стаклото во модерен, заоблен дизајн со стилска флуидност и елеганција.

Саксија маса.

Одликувајќи со многу едноставен дизајн и практичен пристап, оваа маса ви овозможува повеќе од полица за книги. Во неа можете да одгледувате украсно растение, како на пример бонсаи дрво, или да нешто сосема поинакво како место за винските шишиња.

Огледало маса.

Огледало кафе-масата може да биде интересна опција ако сакате да внесете гламури во вашата дневна соба и дизајн кој ги комбинира естериката и функционалноста.

Нерѓосувачка челична конструкција.

Може изгледа на малку грубо и студено да се има маса направена од нерѓосувачки челик, но дава флексибилност на материјалот и модерен дизајн.

Маса со подвижни слоеви.

Некои бараат повеќе од убава кафе-маса, па во тој случај мултифункционалниот дизајн е идеален.

Вграден простор за списанија.

Сакале или не, кафе-масата стана место за привремено чување на весниците, а оваа маса е дизајнирана толкму за тоа.

Акрилна маса.

Овие маси се одлични за мали дневни соби. Нивната транспарентност им овозможува да бидат незабележани и декорот да остане отворен и простран.

Модерна геометрија.

Овој дизајн на лебдечка маса има основа на меурчиња кои лебдат до површината на стаклото. Меурчињата се махагонски сфери од различни големини.

- Реклама -