Microsoft синоќа на настан кој не се стримаше во живо, а се одвиваше во Сан Франциско, го објави Windows 10. Досега името на овој оперативен систем беше Threshold, а се очекуваше дека ќе стане Windows 9.
Windows 10 ќе работи на повеќе уреди (сервери, компјутери, таблети, телефони), но ќе поддржува нови, а и ќе биде лесен за користење. Корисниците кои се запознаени со Windows 7, ќе најдат доста заедничко со овој оперативен систем, а ќе се искористат и предностите на Windows 8. Старт менито ќе биде како на Windows 7 со додавање на tiles кои корисникот ќе може да ги прилагодува на своите потреби, а овозможува универзално пребарување по апликации и фајлови, но и на интернет. Се олеснува мултитаскингот, а сите апликации не стартуваат веќе на цел екран, туку се во прозорци.
Денес, Microsoft ќе пушти “technical preview” oна оперативниот со кој ќе се добијат групи на корисници и тестери. Конечната верзија ќе биде достапна некаде во 2015 година.
Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk