Гардероба за на работа

Каква гардероба да одберам за на работа?

Ова прашање мачи многу дами, особено кога секоја вечер се соочуваат со прашањето – Што да облечам утре за на работа?

Денес имаме фантастични одговори. Ви предлагаме неколку работни комбинации, така што од сега можете да се инспирирате и секој ден да изгледате како вистинска дама со стил.

На работното место секогаш треба да доаѓате уредно и модерно, од глава до пети. Секогаш морате да го негувате класичниот стил кој говори многу за вас. За есенската сезона потребно е  да имаме кошули во орманот, панталони, мини здолништа, обувки со затворени прсти, добар мантил, чизми и нормално чанта.

Погледнете ги предлозите кои можат да ви послужат како добра инспирација за новата работна недела.


- Реклама -