Освежителни бомбици со смоква и портокал на кои никој не може да одолее

Навистина е важно да се внимава на добрата линија, но, понекогаш, консумирањето на одредени неодоливи слатки е навистина тешко да се избегне. За среќа, рецептот за овие бомбици кој ви го претставуваме во продолжение и не е толку „страшно“ калоричен, па со само неколку вежби дневно ќе успеете да го стопите изеденото количество колачиња. А вкусот… Вистински сладок грев!

Потребни состојки:

– 500 г. суви смокви
– 150 г. мелени ореви
– 1 портокал
– 100 грама чоколадо за готвење
– 100 г. кафеав шеќер

Подготовка:

1. Сомелете ги смоквите и портокалот;
2. Во оваа смеса додадете го шеќерот, мелените ореви и стопената какао табла. Промешајте се добро додека состојките не се соединат;
3. Доколку е смесата ретка, додадете уште малку мелени ореви;
4. Направете кугли, и извалкајте ги во мелени ореви или шеќерните кристали;
5. Ставете ги во хартиени корпи.

Уживајте!

- Реклама -