Да го делиш креветот со својот крзнест миленик добива ново значење за Riana Van Nieuwenhuizen. Таа во својот дом во Јужна Африка живее не со еден, туку со четири гепарда, пет лавови и два тигри.
Да го делиш креветот со својот крзнест миленик добива ново значење за
Riana Van Nieuwenhuizen. Таа во својот дом во Јужна Африка живее не со
еден, туку со четири гепарда, пет лавови и два тигри.
46-годишната Riana го купила својот прв гепард во 2006 откако сфатила дека овие животни се на работ на изумирање со само 1000 преостанати примероци во Африка. Таа го напуштила своето тогашно работно место во Министерството за правда – позиција на која била 22 години – и нашла привремено вработување во еден резервоар каде би можела да го чува својот миленик. Но сонот на Riana бил во целост исполнет откако таа ја основала непрофитната организација за одгледување на гепадите со цел да го осигура нивното преживување и зачувување на нивниот екосистем.
Таа сега живее на ранчот каде посетителите можат да ги запознат нејзините миленици и да се сликаат со нив. Големите мачки во домот на Riana се како дел од семејството и можат да се движат слободно каде и да посакаат.