4 суеверија кои можат логично да се објаснат

Детелинка Постојат безброј суеверија и сите се, горе-долу, токму тоа што го кажува името – празни верувања. Но, во продолжение следи преглед на 4 од најпопуларните суеверија за кои има толку едноставни, логични објаснувања.


Постојат безброј суеверија и сите се, горе-долу, токму тоа што го
кажува името – празни верувања. Но, во продолжение следи преглед на 4
од најпопуларните суеверија за кои има толку едноставни, логични
објаснувања.

Зајачка шепа4. Зајачка шепа

Зајачките шепи можеби им донеле среќа на некои од милионите луѓе кои ги купуваат како приврзоци за клучеви или за ретровизорите во нивните автомобили, но речиси никогаш на кутрите зајчиња кои остануваат без своето стапало.

Потеклото на ова суеверие е прилично едноставно. Одамна (или не толку одамна) кога плодноста значела повеќе од сè, зајците биле високо почитувани, зашто… па, веројатно сте ја чуле изреката – се множат како зајаци. Но, тогаш луѓето немале пристап до Дискавери, па не знаеле оти наталитетот кај зајците се должи на нивното неуморно парење, па самоуверено си претпоставувале оти се многу, многу среќни.

Но, зошто токму задната шепа? Зајците се едни од ретките животни кои кога трчаат, прво допираат со задната нога на земјата. Забележувајќи го ова, а не можејќи да си го објаснат, луѓето донеле заклучок дека задното зајачко стапало мора да има магични карактеристики. Всушност, излегува оти луѓето порано многу лесно можеле да бидат импресионирани.


Детелина со четири листа3. Четирилисна детелина

Четирилисната детелина, т.е. националниот симбол на Ирска е веројатно најпознатата амајлија за среќа во светот. Ова е чудно, со оглед на историските настани и недостигот на среќа кај ирскиот народ, но тоа е сосема друга приказна.

Потеклото на ова суеверие е повеќе од јасно. Четирилисните детелинки се сметаат за среќни, од проста причина што се толку ретки – се јавуваат еднаш на секои 10 илјади детелинки. Всушност беа ретки. Денес, со помош на генетскиот инженеринг, се произведуваат и се продаваат. Но, доколку сте тип на човек што ќе плати 25 долари за тревка, големи се шансите проблемите во вашиот живот да немаат ама баш никаква врска со среќата.

Употребата на четирилисната детелинка како амајлија започнала во времето кога религиозни лидери во Ирска биле Друидите, чија религија се базира врз обожувањето на природата. Особено бил распространет култот кон сонцето, а како што сите знаеме, детелината расте најмногу на површините кои добиваат најмногу сончева светлина. Дополнително, четирилисната детелинка има очигледна форма на крст, што како симбол се почитувал уште пред христијанството, а откако христијаните дошле, едноставно го презеле симболот зашто се поклопил со нивниот и така детелинката успеала да преживее до денес.

Црна мачка2. Црна мачка

За време на бејзбол натпревар на стадионот на Чикаго Кабс, целата публика го задржала здивот на неколку моменти кога црна мачка претрчала преку теренот. На сите им олеснило, кога сфатиле дека мачката всушност не е целосно црна?!

Кога се случило овие слатки мали суштества да се престорат во олицетворение на несреќа, магии, смрт и вештерство?

Мачките имаат чудна навика да бараат извори на топлина и да се лепат за нив (за жал, мачките не ви седат во скутот затоа што се вљубени во вас). Исто така, уште почудно, фасцинирани се со испитување на човечките лица. Па така, кога во минатото, бебе ќе умрело или некој немало да ја преживее ноќта со својата висока температура, често наоѓале мачка залепена до мртвото тело. Сосема природно, луѓето си претпоставувале дека мачката ја исцедила душата од покојникот.

Воопшто не помогнало тоа што бројни народи како Нордијците, Келтите и старите Египќани имале богови-мачки или во најмала рака го сметале животното за свето. Кога христијанството презело сè во свои раце, мачките биле жигосани како злобни според асоцијацијата со тие стари и очигледно погрешни религии. Понекогаш, самото поседување мачка било земено како доказ за вештерство од страна на инквизицијата. Дополнително, на неколку пати во средновековието биле орагнизирани истребувања на мачки низ цела Европа, што им се вратило со енормно намножување на стаорците, што пак довело до неколкуте чуми што го преполовиле населението на континентот. Но, барем биле безбедни од вештерките!

А, зошто токму црните мачки. Не ви треба генијалец за да ви каже дека црната е бојата што е во тесна асоцијација со злото како поим (поради непрегледноста на ноќта). Токму тоа е и причината што Дарт Вејдар не се шеташе во светлозелен костим…

Скршено огледало1. Кршење огледала

Скршете огледало и заработе си 7 години несреќа. Изгледа будалесто, но сигурно, за секој случај, секогаш сте внимателни покрај огледалата и не практикувате карате битки во нивна близина.

Потеклото на ова суеверие датира уште од каменото време, кога првиот пештерски човек го здогледал сопствениот одраз во некое езеро кога отишол да се напие вода. Не знаејќи ништо за оптиката и рефлексијата на светлината, тој заклучил оти човекот во водата е неговиот двојник и според некој закон, дели дел од неговата душа. Според тој закон, векови подоцна, кога огледалата биле измислени, станало јасно дека доколку некој оштети огледало, неговиот двојник (а со тоа и дел од неговата душа) ќе биде оштетен. А, доколку го скрши, голема била веројатноста душата да му остане заробена во огледалото (како негативците во „Супермен 2“).

Постои и уште поедноставно објаснување. Огледалата од стакло (за разлика од оние направени од полиран метал) не биле достапни до некаде во 16-от век. А тогаш, биле екстремно скапи и достапни само за високата класа. Предупредувањето за несреќата всушност важело за слугите кои ги чистеле, зашто ако се случело да го скршат… па да речеме дека во тоа време било многу полесно да се замени човек отколку едно огледало. Или, доколку семејство од средната класа се решело да купи огледало, предупредувањето за несреќа важело за децата. Доколку го скршеле, седум години е веројатно периодот на штедење што ќе му бил потребен на семејството за да купи ново огледало; а децата наместо несреќа добивале седум години ќотек.

- Реклама -