Шарлот Килијан беше една од омилените авторки во сајтот The Huffington Post. Таа пишуваше инспиративни и интересни статии, додека сосема неодамна, на 16 септември 2014 година не почина од рак.
Шарлот сепак го остави зад себе својот најголем инспиративен текст – едно проштално писмо до читателите, што кажува многу за смислата на животот, за лекциите кои ги добиваме од него и за драмата да погледнеш на сè, од една нова, за жал фатална гледна точка. Писмото е потресно, искрено, полно со болка, но и со надеж. Невозможно е да биде прочитано и да не остави трајна трага во душата, која ќе нè потсетува дека треба да бидеме среќни. Секој ден. Секој час. Секоја минута.
„Во принцип планирав сè во животот. Ми се допаѓаа сите тие списоци, аларми и налепници. На почетокот секогаш беше успешно, но потоа брзо се губеше интересот за работата, уморни сте и страста исчезнува.
Со ракот сепак не можев да си дозволам таков раскош. Тоа не е нешто што може да се фрли, кога сте уморни. Не можете да го одложите за подоцна и да го замените со нешто поинтересно. Јас барем не успеав. Од денот кога ја слушнав дијагнозата, морав да правам постојана контрола, редовно да посетувам лекар и да се подложам на третмани. Се обидов со сите методи што ми ги предложија – од традиционалната терапија до акупунктура, урда со масло и свежи сокови. Ракот стана мојот живот. Мојот изглед зависеше од добрите или лошите резултати од хемотерапијата. Моите деца Дани и Лу – неволни сведоци на мојата состојба – иако и заштитени од нивната возраст, исто така целосно зависеа од мојот режим. Тоа е сè што тие знаат за мене и се надевам дека тоа не им попречило да почувствуваат љубов и да разберат дека се посакувани и се најомилените деца на светот.
Непознавање, она од што се обидувавме да ги заштитиме, сега ќе мора да ги уништи. Тие мислат дека од својот роденден се чувствувам „лошо”. Знаат дека сме оделе во болница, за да ме испитуваат. За жал, последните резултати чисто и едноставно не ни остават никаква надеж. Веќе не располагаме со оние два-три месеци, на кои се надевавме. Ми остануваат неколку дена, во најдобар случај – една-две недели. Никој и не помислуваше дека ќе ме пуштат да си одам дома за тоа време, но во последен момент се случи чудо и ми дозволија да ги поминам последни денови со децата и саканиот сопруг.
Додека пишувам, седам на каучот – може да се каже, без да доживувам болка, и ги довршувам процедуралните дела, како организирање на погребот и продажбата на мојот автомобил. Секое утро се будам со благодарност што и денес ќе можам да ги прегрнам моите деца и да ги бакнам.
И кога ќе го прочитате ова, мене веќе нема да ме има. Рич ќе се мачи да живее ден за ден со знаење дека повеќе никогаш нема да се разбудам до него. Му ветив – ќе може да ме гледа во своите соништа, но грозоморното утро ќе го потсетува дека до него нема никого. По навика ќе земе од орманот две чаши за кафе, но ќе се сети дека всушност му е потребна само една. Ќе треба да и помага на Луси да ја досегне преградата со украси за коса, но веќе никој нема да може да ги сплете нејзините кадрави коси како порано. Дани, како и обично, ќе го изгуби полицаецот од Лего, но веќе никој нема да знае каде да го бара. Вие пак ќе чекате нови статии. Но такви нема да има повеќе, ова е последната.
И наместо мене ќе остане само еден трнлив, непотребен и суров белег – во секое љубовно срце, во меморијата на сите пријатели и роднини. Простете ми за тоа. Многу би сакала да останам со вас, да се смеам, да ги јадам најчудните манџи, на кои во последно време морав да се навикнам, да се смеам на глупостите кои што ги зборува Чарли. Имам толку работи кои што не сум подготвена да ги пуштам, но разбирам дека немам избор. Би сакала да видам како оди животот на моите пријатели, да набљудувам како растат децата, сакам да остарам со Рич. Но, не ми било пишано.
Сето тоа е напишано на вас. Затоа, кога веќе ќе ме нема, ве молам, ве молам – радувајте се на животот! Фатете го со двете раце, притисне го тресете го и вреднувајте ја секоја секунда! Сакајте ги своите деца. Буквално немате поим што среќа е тоа да им досадувате наутро да ги измијат побрзо забите.
Прегрнете ги своите најблиски и ако тие не можат да ви вратат за возврат, пронајдете го оној кој ќе може. Секој заслужува љубов и повратни чувства. Не се согласувајте на ништо помалку. од тоа.
Најдете си работа која ќе ви носи радост, не и робувајте. Танцувајте, смејте се и јадете со вашите пријатели. Вистинската, чесна и силна дружба е апсолутното задоволство што можеме да го избереме сами. Избирајте ги своите пријатели со внимание и точна проценка – онака како што би барале богатство. Опкружени со прекрасни предмети. Животот е полн со тага и болка – но вие пронајдете го својот лак и не го пуштајте. Убавина има во сè, само понекогаш треба да можеме да гледаме малку повнимателно, за да ја забележиме.
Тоа е сè. Ви благодарам за тоа што цели 36 години ме сакавте и бевте добри со мене. Од оние девојчиња кои во играта ме турнаа во копривата, кога имав шест годинки. Сите вие ме направивте таква каква што сум сега.
Ве молиме, не губете ја љубовта за мене – Подобро да ја дадете на Рич, на моите деца, на семејството и моите најблиски пријатели. И кога ги повлекувате завесите навечер, погледнете го небото и лоцирајте со поглед една ѕвезда – тоа ќе бидам јас и ќе ве гледам додека се насладувам на пина колада и божествено чоколадо.
Слатки соништа, проштавајте и Бог да е со вас.
Ве бакнувам.