Најсмешните причини за раскинување

Луѓето се разделуваат поради различни причини, понекогаш сериозни, друг пат поради ситница што им „згазила на живци“.

Еден корисник на социјалната мрежа Reddit ги замоли своите пријатели во мрежата да ги споделат најчудните причини за прекин на една врска. Еве дел од одговорите:

„Таа чекаше додека келнерот ја забележи, и дури тогаш започна  да се чуди што да нарача”, гласи еден одговор.

„Имаше голема бенка на очниот капак. Секој пат кога ќе се бакнувавме замислував како крт се приближува кон мене. Почнав да сонувам дека кртот ми зборува”, вели друг корисник.

раскинување

„Кога гледаше глупави серии на  телевизија, ги гледаше  дури и рекламите и не ги превртуваше”, се жали трет.

„Секогаш кога  зевав, ги ставаше прстите во мојата уста, мислеше дека тоа е смешно”, „Не веруваше дека човекот  стапнал на Месечината” и „главата му беше премногу голема за неговото тело”, одговараат други корисници.

„Прво ставеше кафе, а потоа шеќер со истата лажичка. Секогаш оставаше грутки од кафето во шеќерот”, се жали друг корисник.

„Станот и беше на 8 кат, а немаше лифт”, „ Го употребуваше  истиот дезодорант како мајка ми”, се доста оправдани причини според други.

- Реклама -