Рокот истече, а никој не се пријави да си ја земе добивката.
Непознатиот Словенец кој на 20-ти јуни ја доби главната награда на словенечката државна лотарија, не се појави за да си ги подигне парите. Рокот за преземање на добивката и официјално истече вчера, а останува нејасно дали добитното ливче е изгубено или пак (не)среќникот не го ни погледнал по извлекувањето на броевите.
Според лотариските правила, милионот (и нешто) е вратен во наградниот фонд. Ова е прв пат да се случи некој да добие толку голема сума, а да не си ги подигне парите.
Можеби добитникот се сретнал со иронијата на животот, па не добил шанса да ужива во парите? Можеби кармата вмешала прсти? Или пак, можеби, се работи само за мудра одлука на некој што знае за „пост-лото“ синдромот? Којзнае.