Запознајте ја петгодишната Ајрис Грејс, чии неверојатни уметнички дела ќе ве восхитат. Во 2011 година на Грејс и беше дијагностициран аутизам. Со текот на времето нејзините родители откриле дека сепак Ирис поседува неверојатен талент, страст кон сликањето. Како што нејзината мајка пишува на официјалната веб-страница:
„Обидувајќи се преку терапии со сликање да го помогнеме говорот на Ајрис, нешто друго ни го одвлече вниманието. Сфативме дека таа е навистина премногу талентирана и има неверојатна двочасовна концентрација при секоја уметничка сесија. Всушност, нејзиниот аутизам креирал неверојатен стил на сликање кој е досега невиден за девојче на нејзина возраст. Таа целосно ги разбира боите и тоа како тие влијаат едни на други. Секој пат кога треба да започне да слика, таа е премногу среќна и возбудена. Начинот преку кој Ајрис започна да се изразува себеси е толку прекрасен, што решивме да го споделиме со светот, и да ја подигнеме свеста на останатите родители чии деца ја имаат истата состојба.“
Прекрасните слики на Ајрис го привлекоа вниманието на голем број љубители на уметноста ширум светот. Погледнете зошто:
Доколку ви се допадна оваа селекција од делата на малата Грејс, погледнете повеќе на нејзиниот Фејсбук профил, или пак на официјалната веб-страница.