Мозес Менделсон, дедото на познатиот германски композитор, во никој случај не можел да се нарече убавец. Освен што бил доста низок, тој имал и инвалидитет грпка.
Еднаш Мозес посетил еден Хамбургшки трговец кој што имал прекрасна ќерка со име Фрумти. Мозес безнадежно се заљубил во неа. На Фрумти сепак, тој не и бил привлечен и не и се допаднал. Кога дошло време да си оди, Мозес собрал храброст и се искачил по скалите до собата за последен пат да поразговара со неа. Таа била убава како божествено видение, но го исполнила неговото срце со тага, зашто не сакала дури ни да го погледне. По неколку неуспешни обиди да поведе разговор, Мозес срамежливо прашал:
– Дали верувате дека мажење е предодредено од небото?
– Да, му одговорила таа, со поглед заглавен во подот. – А вие?
– Јас исто – рекол за возврат тој. – Таму горе, на небото, при раѓањето на секое момче, Бог му јавува, за која девојка ќе се ожени. Кога се родив, Бог ја посочи мојата идна сопруга, а потоа додаде: „Но жена ти ќе има грпка.” Ужасно, викнав: “О, Боже, жена со грпка би била вистинска трагедија. Те молам, Господи, дај ми ја грпката на мене, а таа нека биде убава. ”
Тогаш Фрумти ја кренала главата и го погледнала во очи, како да била воодушевена од некој одамна заборавен спомен. Му подала рака на Мозес, а подоцна станала негова верна сопруга.
Извадок од книгата „пилешка супа за душата”