Во тренд за оваа есен

Оваа есен се издвојуваат кратките мантили со ремен, умерено струкирани во разни бои.
Во колекциите за предстојната сезона, како по обичај, важно место завземаат мантилите кои есенва се малку пократки од вообичаеното, така што повеќе потсетуваат на јакни. Идеални за оваа доба од годината, овие практични модели совршено се вклопуваат и со кежуал и со елегантна варијанта.

Се издвојуваат кратките мантили со ремен, умерено струкирани и во разни бои. Овие модели можете да ги комбинирате со џинс, панталони, како и со здолништа до колена или мини крој. Интересни се мантилите со крагња и ракави со нерамномерен крој. Во тренд се и моделите кои потсетуваат на училишни униформи, широки во долниот дел, како и оние во милитарски стил, во зелени и беж тонови, дизајнирани од малку изгужван материјал. Хит се и мантилите во јаки бои, како и моделите со линии, што можете да ги носите и со други дезени.

n33840

images_statii_trendovi_esenski-mantili-st-3 images_statii_trendovi_esenski-mantili-st-1

12-esenski-mantil-zadolzhitelno-parche-za-ovoj-period-od-godinata-www.kafepauza.mk_ 7-esenski-mantil-zadolzhitelno-parche-za-ovoj-period-od-godinata-www.kafepauza.mk_ 2-esenski-mantil-zadolzhitelno-parche-za-ovoj-period-od-godinata-www.kafepauza.mk_

- Реклама -