Од „размена на студенти“ се родиле повеќе од милион бебиња?!

Верувале или не, за речиси три децении откако во Европа е воведена Ерасмус програмата, на светот стигнале милион бебиња, чии што родители се запознале на размена на студенти од различни земји.Мислите дека сексот и Болоњската декларација немаат никаква поврзаност? Не сте во право. Европската програма е заслужна за милион новороденчиња, објави во понеделникот европската комесарка за образование Андрула Василиу.

Програмот Ерасмус им овозможува на студентите да студираат на универзитетите во странство и го помагаат нивното финансирање. Втемелен е во 1987. година.

Истражувањето на поранешните студенти на Ерасмус, покажало дека речиси третина од нив, денес имаат животни партнери од друга националност – што е за три пати повеќе од студентите кои не студирале во странство. Од нив 27 проценти се запознале во текот на студирањето.

Истражувањето покажало и дека студентите од таа програма полесно се вработуваат, па веројатно е да се преселат таму во потрага по работа после студирањето.

По дипломата 45 отсто од студентите се преселиле во други земји.

Истражувањето е спроведено во 34 држави и во нив учевствувале 75.000 поранешни студенти.

- Реклама -