Организмот на мајката ги одредува математичките способности кај детето.Жените со ниски показатели на хормонот на тироидната жлезда, за време на бременоста, често раѓаат деца кои имаат потешкотии со задачите по математика.
Научниците ја следеле состојбата на 1196 здрави деца од раѓањето до пет годишна возраст. Пред тоа била испитана концентрацијата на хормонот тикорксин кај нивните мајки на 12-тата недела од бременоста.
Потоа биле спроведени тестови за јазичните и аритметички навики кај децата. Се покажало дека ако за време на бременоста во женскиот организам нивото на хормонот бил низок, на 5 годишна возраст детето имало пониски од просечните проценки по математика.
Овие резултати се одржувале независно од влијанието на други надворешни фактори. На јазичните способности на детето хормонот не влијае. Во моментов научниците проучуваат дали проблемите со математиката продолжуваат во текот на целиот живот на детето.