„Пинк Флојд“ изненадување

По малку повеќе од еден месец, сите фанови на рок музиката ќе имаат повод за радост – на 10 ноември, Pink Floyd ќе го пуштат својот нов студиски албум.

Нема спор дека британската рок-група Pink Floyd е една од најпопуларните рок бендови во светот. Во својата долга историја групата се издвојува со своите филозофски текстови, музички експерименти и атрактивни концерти и едногласно е сметана за една од највлијателните и успешни групи на меѓународно ниво. Во 1985 еден од креаторите и фронтмен на Pink Floyd, Роџер Вотерс ја напушта групата, по што започна судска битка против другите членови за правото над името и музиката на бендот. Две години подоцна спорот е решен, а Pink Floyd продолжува без Вотерс. Кога во 1995, групата повторно најавува крај на својата заедничка работа милиони фанови се скршени. Во 2005 Pink Floyd се врати за добротворната кауза Live 8. Тогаш Вотерс, Гилмур, Мајсен и Рајт за првпат свират заедно од 24 години. Потоа повторно следува затишје.

Претходно ова лето, Pink Floyd објавија дека работат над нов албум, кој ќе вклучува целосно нова и нечуена досега музика. На 10 ноември, 2014, “The Endless River” официјално ќе дебитира. Албумот ќе вклучува музика од издавачки сесии од далечната 1993, која не нашла место во последниот досега албум на бендот – The Division Bell. Ова е еден од последните пати кога Дејвид Гилмур, Ник Масон и Ричард Рајт (Рајт почина во 2008) свират заедно.

The Endless River може да биде споредувана како експеримент, бидејќи албумот ќе биде составен главно од инструментална и ембиент музика, а само една од песните ќе вклучува вокали. Студискиот албум на Pink Floyd е трет последователен по заминувањето на Роџер Вотерс. Тој, на неколку пати јавно објави дека не сака да има ништо заедничко со бендот, разочарувајќи ги многуте фанови и музички критичари.

endless_river_pink_floyd
Вака ќе изгледа корицата на новиот албум

И сепак The Endless River е задолжителен за сите обожаватели на рок музиката. Имајќи предвид дека тоа е последниот пат кога главните луѓе зад Pink Floyd создаваат музика и тоа главно за задоволство и без посебна цел, албумот ќе вреди. Дури и да не создаде нови бесмртни хитови или пак да напише нови редови во историјата на групата , The Endless River ќе биде мелем за сите носталгичари кон најдобрите времиња на рок музиката. Времиња, кои најверојатно повеќе нема да се вратат.

- Реклама -