Вака се подготвуваат чизбургерите во ланецот за брза храна

Не е тајна дека „Мекдоналдс” продава повеќе чизбургери од кој и да е синџир за брза храна во светот, пишува Business Insider.

Како сепак се подготвуваат овие сендвичи? Еден австралиски „Мекдоналдс”  го покажа неговото создавање. Тоа е дел од напорите на синџирот да биде транспарентен за тоа каде и како се приготвува храната во него.

Најнапред говедското месо се вади од замрзнувачот и се става на скарата.

Врз него се става друг скара. Се пече  за 40 секунди.

„Потребни се околу 40 секунди за да се зготват … благодарение на специјалниот двулицев дизајн”, вели Кејти Геоган од “Мекдоналдс” во Мелбурн.

Потоа на месото се додава  сол и бибер.

Се вади од скарата, се става во пластични садови и се остава во „затоплувачки” машини.

Потоа доаѓа ред на лебчињата. Тие се произведуваат во две австралиски пекари – една во Јужен Велс и една во Викторија.

Еве како изгледаат пред да бидат испечени, спакувани и испратени во рестораните на “Мекдоналдс”.

Лебчињата се чуваат во кафеавите каси лево на сликата. Овде гледаме како Геоган става некои од нив во тостерот.

Тие излегуваат подготвени само за секунди со совршена кафеава боја.

Во секој чизбургер се става одредена количина сенф и кечап.

Автоматите за кечап и сенф одблизу.

Додадете нотка на кромид.

Доаѓа ред на парчето кашкавал. Плескавица е речиси готова.

Геоган го зема месото од затоплувачата машина.

„Ги одржуваме зготвените хамбургери топли најмногу 15 минути. Колку и да сме зафатени што тие не остануваат таму за долго”, додава таа.

И за финале – плескавица веќе е спакувана и е подготвена да биде сервирана.

Прочитај повеќе: Погледнете што се случува- чизбургер од Мекдоналдс во стомачна киселина

- Реклама -