Новите банкноти од 10 евра ќе бидат пуштени во промет утре. Исто како и новите банкноти од 5 евра, така и оние од 10, вклучуваат неколку подобрувања во однос на заштитата. Холограмот и водениот печат на банкнотата прикажуваат портрет на Европа, лик од грчката митологија.
На новата банкнота се додадени уште неколку одбележја кои би требало да им ги отежнат работите на фалсификаторите. На ивиците се изрезбани благи линии кои можат да се почувствуваат и со благ допир на прстите. Освен тоа, предната страна содржи рефлектирачки делови.
Европската централна банка наведува дека поради искористувањето на резервите и понатаму ќе се издаваат банкноти од 10 евра од досегашнта серија. Тие ќе бидат во промет истовремено со оние кои го содржат новиот дизајн на оваа банкнота.