Ветувањето дадено во пијанство, го исполнил на својата венчавка

Пред неколку години, кога започнал да се забавува со својата девојка, овој симпатичен младоженец во сосема пијана состојба и ветил дека само за неа ќе напише и ќе испее песна на нивната свадба.Нормално, Сара не можела ни да замисли дека Ричард се сеќава на тоа, со оглед на околностите, под кои што и ветил.

Но, на свадбата тој рекол: „ Што е човек, кој не се држи до своите зборови“, ветување е ветување.

За музичка подлога ја избрал песната   ‘Half The World Away’ од групата Оазис, а текстот го напишал самиоот.

Правите мажи го одржуваат своето ветување без разлика дали се пијани или трезни, а невестата е пресреќна.

- Реклама -