Секој човек има свој омилен вкус кога станува збор за кафето.
Некои го пијат долго други кратко, некои црно, други со крем и шеќер, некои топло, други ладно. Вкусови има секакви. Сепак можеме да си дозволиме да експериментираме со овој омилен пијалок. Погледнете 5 начини за подготовка на кафе. За да биде поинтересно, ќе ви ги организираме за секој работен ден од седмицата:
Во понеделник – турско кафе
Понеделникот е напорен ден во кој се соочуваме со импресиите од слободниот викенд. Во денови како овој ни треба сила и енергија, а турското кафе дефинитивно може да ја овозможи, барем за неговите зависници. Освен тоа специфичниот ориентален вкус дава пријатен шмек за успешна недела. Рецепт за турско кафе на оригинален начинможете да најдете ТУКА.
Вторник – кафе еспресо Романо
Работната недела е веќе започната и треба да се логирате во ритамот. Еспресото е силно, а приготвено е на тој начин што дава свеж вкус и бодри. Со него ќе имате доволно сили да не го преспиете денот, а нотите од лимоновата кора носат пријатно и насмеано расположение кон пијалокот.
Среда – Чоколадно кафе
Средата неспорно е најтешкиот ден од работната недела. Работниот циклус е зафатен, сте влегле во ритамот, но работата има многу. Затоа во среда ни треба нешто за душата, нешто што ќе ни испорача задоволство и ќе не натера да работиме малку и со насмевка – чоколадно кафе.
Четврток – кафе со млеко и карамел
Викендот веќе е на хоризонтот, па време е за мали и лесни задоволства. Соодветно за тоа е едно кафе со малку млеко и карамела. Прекрасен мирис, вкусно и пристојно силно.
Петок – ирско кафе
Што и да зборуваме, петокот е речиси слободен ден. Можете да уживате подготувајќи си едно ирско кафе.
Наздравје 🙂