Иако има луѓе на кои што дождливото време им е романтично, повеќето ќе кажат дека таквите временски (не)прилики ги прават рамнодушни и тажни.Оваа година имаше многу дождливи денови, па многумина имаа впечаток дека се уште не дошло лето. И овие последни летни денови се во знакот на темното и дождливо време, а ни долгорочните прогнози не не охрабруваат дека тоа наскоро ќе се промени.
Прочитај повеќе: Временска прогноза
Дождот кај некои луѓе буди депресивност, па дури и интензивни емоции како тагата. Ретко кој за време на вакви денови не би скокнал радо под ќебе пред телевизорот или со книга во рацете. Но, за да не пропуштите драгоцено време и да бидете среќни и продуктивни, не би требало да и придавате толкаво внимание на состојбата надвор.
Истражувањата покажуваат дека метеропатите навистина постојат и постои поврзаност меѓу времето и расположението, како и состојбата на организмот, но тоа првенствено се однесува на наглите промени на времето и температурата, како и на наглите промени во атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот.
Научниците од Универзитетот Хумболт во Берлин се обиделе да откријат и дали дождот може да влијае на нашето расположение. Спровеле истражување кое опфатило 1.233 луѓе, но не успеале да докажат дека постои јасна поврзаност меѓу сонцето и среќата како што тоа го прават дождот и депресијата.
Тие воочиле дека долготрајното темно време и недостатокот од природна светлина можат да предизвикаат непријатни емоции, но истакнале и дека е потребно повеќе истражувања кои што ќе ја објаснат таа врска.