Со уникатна пресуда за прв пат во Бразил судија од јужната држава Рио Гранде до Сул реши новороденче да биде регистрирано со тројца родители – две мајки и татко , соопштува BBC.
По одлуката на судот чинот на раѓање на детето содржи имиња на две мајки, татко и шестмина баби и дедовци.
До уникатниот случај доаѓа откако биолошките родители на бебето и долгогодишната партнерка на мајката побарале од судот да биде променет сертификатот за раѓање на детето и во него да бидат внесени и тројцата.
Жените имаат склучено официјално брак пред два месеци, а таткото е нивен пријател. Во мај 2013 година Бразил стана третата земја во Латинска Америка, која ги дозволи истополовите бракови, потсетува агенцијата.
Двете жени, регистрирани како мајки на детето, имале четиригодишна врска пред раѓањето и побарале од нивен пријател маж да им помогне да имаат дете. Тој се согласил, но побарал во замена да биде признат како татко на бебето-девојчето било родено на 27 август.
Според судијата Рафаел Панон Кунја, и тројцата родители учествувале во текот на бременоста во подготовките за доаѓањето на детето.
„Да се биде мајка и татко е првенствено положување на грижа и исполнување на обврски. Сигурен сум дека веројатноста тоа дете да биде среќно, е многу голема”, смета судијата.
Тој предвиде дека оваа одлука ќе отвори правни преседани низ Бразил.