Еден од најпопуларните острови од групата Киклади, пожелна дестинација за одмор до Санторини, Миконос е горд на својата беспрекорна чиста вода, бели куќи и ветерници.
Покрај прекрасната архитектура и плажи, мрежата на улички и патеки заслужуваат дополнително внимение.
Повеќето од овие живописни улици во Миконос, во градот Кора се затворени за сообраќај, па затоа не постои никаква пречка за пријатна прошетка. Има разноврсни продавници, барови, кафулиња, ресторани и бутици, но традиционалната Кикладиска архитектура е добро сочувана и автентичноста останува очигледна и воочлива во ѕидовите и уличките на Миконос.
Миконос е еден од најубавите острови на Егејското море и е одлична дестинација за одмор.