Солени стапчиња со сирење

За да го подготвите овој рецепт, потребни ви се:

600 гр. брашно

150 гр. путер

2,5 дл. млеко

2 јајца

1 прашок за пециво

150 гр. тврдо домашно сирење

сусам

1 лажичка сол

Подготовка:

Во сад ставете мешавина од брашно и прашок за пециво, додадете на крупно ренде рендан путер, 1 јајце, млако млеко, рендано сирење и сол, па рачно мешајте додека смесата не почне да се одвојува од прстите.

Мешаното тесто оставете го да отстои 30 минути во фрижидерот. Тестото исчечете го на парчиња дебели околу 2-3 мм, исечете го на штанглици по желба и ставете го во тепсија обложена со хартија за печење.

Премачкајте ги со јајца и посипете ги со сусам. Печете во загреана рерна на 200 C додека не заруменат, некои 15-20 минути.

- Реклама -