Загреб, 15 септември –Настанот за маркетинг агенциите “BalCannes“ кој се оддржува во склоп на Викенд Медиа Фестивал, оправдано ја носи титулата маркетинг случување на годината во регионот.
“Balcannes” кој што се одржува по трет пат, привлече 148 пријавени проекти, речиси двојно повеќе од минатата година, кога притиганаа 82 пријави.
Проекти пристигнаа од страна на 59 агенции и 111 огласувачи од шест земији од регионот (Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија и Црна Гора). Наголем број на проекти пристигнаа од Хрватска, потоа од Србија и Босна и Херцегоина, додека од агенциите најмногу проекти пријавија McCann, Publicis, BBDO и Grey мрежата во регионот, по нив следат агенциите Degordian, Bruketa&Žinić OM, Via Media и други.
Организаторите на “BalCannes” – Хрватското здружение за комуникации и медиуми и Викенд Медиа Фестивал – се презадоволни од одзивот кој е над сите нивни очекувања. “Сметаме дека оваа, трета година, “BalCannes” се етаблира како место каде што се сите најдобри агенции. Затоа, ги повикувам сите огласувачи да дојдат на Викенд Медиа Фестивал и да ги погледнат одличните агенции и интересниот поглед на најдобрите маркетингшки продукции од регионот на “BalCannes”. Се гледаме во Ровињ!“, изјави извршниот директор на “HURA„ Дуња Ивана Балон.
“BalCannes” сегментот во програмската структура на Викенд Медиа Фестивал, оваа година е проширен со поголем број на панел дискусии и презентации во “BalCannes” салата. Како новитет оваа година се воведува „Voice of the Creatives“, каде најдобрите креативни директори од регионот дебатираат и разговараат околу својата професија.
На панел дискусиите бројни регионални стручњаци од агенциите кои учествуваат на “BalCannes” ќе разговараат и ќе делат свои мислења околу вечните теми на агенциските конкурси, а една од нив е и панел дискусијата за ”The Perfect Pitch to Pitch Perfect“
На панел дискусијата „Mad Men vs. Math Men“ ќе дознаеме како технологијата ја трансформира креативноста, додека на панел дискусијата „Made in Communism“, модерирана од Горан Милич, посветенa на регионалните брендови кои не останале во минатото и не пропаднале во транзицијата, туку својата комуникација успешно ја прилагодиле на новото време. Земја партнер на годинешниот Викенд Медиа Фестивал е Словенија, која ќе се претстави во салата на “BalCannes” со презентацијата насловена како „Slovenia is on air“.
На седмиот по ред Викенд Медиа Фестивал, кој се одржува од 18ти до 21ви Септември во Ровињ и е под покровителство на Адрис Груп, се очекуваат околу 4000 учесници од сите земји од регионот, но и од други европски земји.