Митот вели оти според должината на прстите можете да познаете дали некој е (или ќе биде) хомосексуалец. Иако ова наликува на изговор за адолесцентите да можат да си задаваат беспотребни удари по игралиштата, новите истражувања покажале дека сепак постои вистина во овој мит.
Митот вели оти според должината на прстите можете да познаете дали
некој е (или ќе биде) хомосексуалец. Иако ова наликува на изговор за
адолесцентите да можат да си задаваат беспотребни удари по игралиштата,
новите истражувања покажале дека сепак постои вистина во овој мит.
Соодносот на должината на прстите на дланката можат да ви покажат колкави ви се шансите да станете хомосексуалец.
Ја испружувате дланката, ги исправате сите прсти и ја гледате нивната должина. Доколку прстот до малиот прст ви е подолг од показалецот, тоа значи дека за време на бременоста, сте добиле поголема количина тестостерон, што би значело оти големи се шансите да сте хиперактивни, агресивни и да ви се гади од сите филмови со Хју Грант. Од друга страна, доколку прстот до малиот ви е покус од показалецот, во периодот кога сте биле фетус сте добиле повеќе естроген, што значи оти сте поневротични и почувствителни.
Но, истражувањата покажале дека всушност во случаите кога обата прсти се со еднаква должина, најголеми ви се шансите да сте хомосексуалец (ова важи и за мажите и за жените).
Нормално, ова не би требало ништо да значи, оти се работи само за предиспозиции и ништо повеќе. Но, сепак, колку од текстот прочитавте пред да си ја погледнете дланката?