Ви благодариме што пушите

Британската Tobacco Control откри документи кои докажуваат дека American Tobacco плаќал во просек по 3 милиони долари годишно на филмските ѕвезди за да го рекламираат пушењето во своите филмови за време на Златниот Холивуд.

На платниот список се наоѓаат повеќе од 200 актери, меѓу кои и најголемите – Боб Хоуп, Хенри Фонда, Глорија Свансон, Едвард Робинсон. Некои актери добивале и повеќе од 150.000 долари годишно – Гари Купер, Барбара Стенвик, Спенсер Трејси, Џоан Крафорд и Клeрк Гејбл.

Првиот актер кој рекламираше цигари беше Ал Џолсон кој глумеше во првиот звучен филм „Џез пејач“. Тој зборуваше дека „филмовите во кои се зборува бараат чист глас, дека цигарите се лековити затоа што го прочистуваат грлото и дека производите на Лаки Страјк му помагаат гласот да му биде чист како на ѕвонче“. Познатиот режисер Кинг Видор за цигарите зборуваше како за „лек против надразнувањето на грлото од кое страдаат многу режисери, па ужива во цигарите затоа што му ги опуштаат нервите“

Веќе не е тајна дека цигарите во филмовите не биле тука само заради сценариото туку и затоа што биле дел од голема организирана кампања. Тутунските експерти многу се трудеа да покажат дека пушењето е стил на живот и дека тоа за мажите претставува симбол на мажественоста, а за жените симбол на слободата.

Во четириесеттите години тутунската индустрија ги спонзорираше популарните радио емисии каде големите ѕвезди слободно можеа да раскажуваа колку уживаат во пушењето. На тутунот, се разбира. Во педесеттите години, големите компании малку се пренасочија кон телевизијата која беше во експанзија.

Договори за тутунската индустрија постојат и денес. Така Силвестер Сталоне на врвот од кариерата зеде половина милион долари за во не помалку од 5 свои филмови да ги користи производите на Браун & Вилијамсон.

Список на десет филма кадешто пушењето цигари е во центарот на задоволствата.

10.  Кафе и цигари
Овој филм покажува како за дружењето во кафулиња клучна комбинација се кафето и цигарите. Цигарите се забранети, сега кафето е на ред. Дотогаш погледнете како тоа го прават Роберто Бенини, Иги Поп, Том Вејтс, Алфред Молина, Кејт Бланшет и Бил Мареј.

09.  200 цигари

Група луѓе (Кристина Ричи, Бен Афлек, Жанин Гарофало, Дејв Чапел) се подготвуваат за дочек на Нова година и притоа веројатно ќе испушат 200 цигари.

08. Диви во срцето
Николас Кејџ и Лаура Дерн се одличен пар. Пушат, водат љубов и пак пушат. Кејџ во филмот дури кажува дека почнал да пуши на 4 години.

07. The Royal Tenenbaums
Гвинет Палтроу е занемарена ќерка која своето скриено задоволство го пронаоѓа во пушењето. Станува збор за када на покривот, а уште од детството внимава тоа да го сокрие од другите.

06. The Departed
Леонардо ди Каприо во одвој филм се обидува да се откаже од пушењето. Не е ни чудно кога некој е полициски доушник во мафијашко гнездо.

05. Евтини приказни
Ума Турма е откачена жена на мафијаш која троши цигари, мажи, а богами и хероин. И на постерот од филмот Ума не се одвојува од цигарите.

04. Казабланка
Пушењето никогаш не било поромантично од тоа кога Боги пушеше во барот со придружба на пијанистот и чекаше да види кого Ингрид ќе избере.

03. Калифорнија
Бред Пит во овој филм на својата девојка Џулиет Луис и’ забранува да пуши, а таа па и баш не е заинтересирана да го почитува тоа. А не е добро него да го налутите затоа што тој е сериски убиец.

02. Ви благодариме што пушите
Филмот зборува за спин мајстор кој е платен да ве убеди дека пушењето е добро и за неговите морални дилеми. Од толку приказни за цигарите ви доаѓа и самите да запалите една.

01. Реалноста гризе
Итан Хоук и Винона Рајдер во филмот постојано пушат затоа што тешко се соочуваат со животните предизвици како што се барањето партнер или работа.

 

 

- Реклама -