Супер е да си принцеза. Можеш да направиш сметка од 24 милиони долари и после да одбиеш да ја платиш повикувајќи се на фактот дека имаш дипломатски имунитет.
Супер е да си принцеза. Можеш да направиш сметка од 24 милиони долари ипосле да одбиеш да ја платиш повикувајќи се на фактот дека имашдипломатски имунитет.
Една од највисоките членови на кралското семејство во Саудиска Арабија, принцезата Маха ал-Судаири, се повика на својот дипломатски имунитет во Франција откако и се собраа сметки со вредност повеќе од 15 милиони долари од кои 60.000 биле за дизајнерска долна облека.
Таа ги игнорирала оние кои си барале да си ги подмири сметките и се затворила во апартманот од 2.500 долари за вечер во хотелот George V во Париз. Кога тие се обратиле кај кралскиот помошник тој одговорил дека „се плаши дека тие не можат да одат наоколу и да ги подмируваат сметките за гаќичките на принцезата“.
Принцезата Маха, чиј сопруг, принцот Најеф, е министер за внатрешни работи и втор до тронот на Саудиска Арабија, се вели дека минатата година потрошила милиони на дизајнерска облека, накит и други луксузни производи во главниот град на Франција. Само неделната сметката од хемиско чистење ја надминува бројката од 30.000 долари. Секој пат кога принцезата и нејзината придружба ќе посетеле некоја продавница на пероналот им бил понуден документ за одложено плаќање. Разврската се случила откако судијата наредил судските извршители да ги конфикуваат гаќичките, па после таа закана сметките биле подмирени. [Saudi princess runs up £15 million shopping bill]