Ндебеле се африкански етнички групи кои живеат во Јужна Африка и Зимбабве, познати со уметничкиот талент, особено во однос на нивните насликани куќи и шарени украси направени од монистри.
Не се знае многу за овие луѓе, освен дека потекнуваат од поголемите нгуни племиња, кои сочинуваат речиси две третини од црнците населени во Јужна Африка. Се смета дека ндебеле се населиле во близина на Преторија во 16 век. Апстрактните сценски куќи се признаени во целиот свет како една од најпознатите неверојатни атракции во Јужна Африка.
Во минатото, луѓето од оваа заедница биле страшни воини, победувајќи ги сите свои непријатели. Како резултат на доста мешаните бракови настапила културна промена. Според легендата, нацртаните куќи се резултат од ужасниот пораз што ндебеле го претрпеле во војната против бури пред почетокот на 20 век.
Принудени да живеат репресивен живот, тие започнале да користат експресивни симболи за да комуницираат тајно еден со друг. Овие слики подоцна стануваат израз на културна одржливост и континуитет.
Фреските по куќите секогаш ги прават жените и оваа традиција и стил се пренесува во семејствата од генерација на генерација, од мајки на ќерки.
Испишаните домови ја покажуваат жената како добра сопруга и мајка. Таа е одговорна за фарбањето на надворешните врати, предните ѕидови, страничните ѕидови и внатрешноста на куќата.
Во минатото за оваа активност се користеле само природни пигменти, а жените и до денес цртаат со прсти на изработените од кал ѕидови на куќите. Цртежите треба да се обновуваат сезонски, бидејќи летните дождови ги мијат.
Уметноста на ндебеле се развила во текот на годините и е понесена од надворешно влијание. Врз една од куќите на заедницата на пример има нацртано огромно лого на BMW.
Едно од најдобрите места за да ја видите оваа форма на уметност, е Мапоч, на околу 40 километри западно од Преторија. Друго село на ндебеле што вреди да се посети, е Мпумаланга во источниот дел на Јужна Африка, северно од Квазулу-Натал.