Кога мајката ќе го бутне бебево во базенот, ќе си помислите дека нешто и фали во главата. А потоа, изненадување.
Одвај оди, ама плива како професионалец. Арабел има само 1 година и 9 месеци, а располага со пливачки вештини што ќе ве остават со зината уста. Сосема слободно скока во базен, нурка, плива и излегува од водата, сосема сама. Плива на стомак, плива и грбно.
Арабел е „дел“ од едно прилично ново движење, кое се залага бебињата да учат пливање уште од неколкумесечна возраст, додека се навикнати на водната средина во која живеат во утробата. Резултатите се толку шокантни, што многумина едноставно не веруваат и го сметаат за ризично и опасно по здравјето на бебињата.