По долги месеци на шпекулации, претпоставки и споредување на фотографии со сомнително потекло, iPhone 6 и iPhone 6 Plus се веќе тука .
Вчера главниот извршен директор на Apple Тум Кук ги претстави новите паметни телефони за време на традиционалната есенска презентација на компанијата.
Како што се очекуваше, новиот паметен телефон на Apple ќе има две верзии – iPhone 6 со 4.7-инчен дисплеј и iPhone 6 Plus кој има 5.5-инчен дисплеј.
Она што никој не го позна сепак, е резолуцијата на новите дисплеи. iPhone 6 има резолуција од 1334 х 750 пиксели, а iPhone 6 Plus користи стандарден FullHD панел (1920 x 1080 пиксели).
Во продолжение уживајте во првите официјални фотографии: