Лотосов цвет, градба во Кина која краде воздишки

Уште од дамнешни времиња па се до денес, кинезите се генијалци кога станува збор за архитектура. Така, последно од долгата низа објекти со кои тие го фасцинираа светот е необичната градба во облик на лотосов цвет кој ја менува бојата.

Објектот е изграден во кинескиот град Чангзо на површина од околу 3,5 хектари. Се простира на прекрасна локација, веднаш покрај рибник и парк. Неговата боја навечер се менува на секои 20 секунди.

Лотосот е важен дел од културата во Кина, кој влече корени од самиот будизам. Всушност, тој претставува еден од осумте свети сегменти во будизмот.

Освен неговата симболика која е важна за Кина, изгледот на оваа градба претставува вистинско освежување во центарот на градот и прекрасно архитектонско чудо.

the-lotus-building-studio505-desig (3) the-lotus-building-studio505-desig (4) the-lotus-building-studio505-designboo lotus-building-china-designboom-01 lotus-building-china-designboom-02 lotus-building-china-designboom-03 the-lotus-building-studio505-desig (1)the-lotus-building-studio505-desig (2)

- Реклама -