Дали сака да има деца или не е навистина приватна одлука на секој човек во која никој нема право да се меша. Сепак, секогаш постојат оние луѓе кои ќе коментираат негативно за се што е поинакво од нивните сфаќања, па така тие ќе смеетат дека оваа одлука е себична, неприродна и погрешна.
Всушност, дури и самото признавање на некоја жена дека не сака да се оствари во улогата на мајка денеска се смета за табу, и потребна е вистинска храброст за да се признае тоа. Факт е дека личните избори за тоа како ќе се живее животот се основно човечко право, и во овој случај единствено погрешно е да се даваат коментари кои во себе содржат било каков вид на потценување или осуда.
Ова се 20 реченици кои жените кои немаат деца ги слушаат постојано:
1. Каква ти е таа одлука?
2. Откако имам деца мојот живот доби смисла.
3. Кој ќе се грижи за тебе кога ќе остареш?
4. Наместо деца и внуци, ќе завршиш чувајќи мачки.
5. Себична си.
6. Ќе се премислиш кога ќе го пронајдеш вистинскиот.
7. Пропушташ нешто најдобро во животот.
8. Ти отчукува биолошкиот часовник, што чекаш?
9. Штета, ќе зажалиш за оваа одлука.
10. Што не е во ред со тебе?
11. Што ќе ви е толкав стан ако немате деца?
12. А баш би била добра мајка…
13. Сега мислиш дека не сакаш, но доколку имаш, ќе сфатиш колку си грешела.
14. Не се плашиш дека момчето/сопругот ќе те остави зашто не сакаш дете?
15. Немаш деца и не можеш да разбереш…
16. Само со дете можеш да дознаеш што е вистинска љубов.
17. Сите твои пријателки имаат деца, ајде, што се мислиш?
18. Што чекаш, да се појави принцот на бел коњ за да имаш дете?
19. Ќе разбереш кога ќе имаш деца.
20. Мислиш дека си уморна? Верувај, не знаеш што значи да се биде уморен…