„Не се заработуваат милиони преку ноќ“, ама затоа преку две…

Бред Пит, Леонардо ди Каприо и Роберт де Ниро заработиле по 13 милиони долари  од човек за два дена работа, снимајќи реклама што за мегаказиното Студио сити ја режирал легендарниот Мартин Скорсезе.

За сценариото се погрижил искусниот Теренс Винтер („Царството на порокот“ и „Сопранови“), а буџетот на проектот, според некои извори, е речиси 70 милиони долари.

Рекламата, или подобро кажано, минифилмот, премиерно ќе биде прикажан на отворањето на казиното.

 

Прочитајте и:  Зошто некои мегаѕвезди го напуштија Холивуд?
- Реклама -