Под улиците на Париз, каде секојдневно минуваат илјадници луѓе се кријат темни лавиринти на смртта.
Најинтересните кадри од катакомбите се фатени од објективот на фотографот Стив Данкан од BBC.
Катакомбите датираат од периодот на раното христијанство, кога се користени како подземни гробници. Додека народите ги кремираат своите мртви, тогаш христијаните прибегнуваат кон користење токму на катакомбите. За време на Втората светска војна дел од тунелите, кои се наоѓаат под Париз, им служеле на француските борци на отпорот како скривалишта, а други – биле претворени од германските војници во бункери.
Денес во прекрасната француска престолнина има тунели, долги речиси 300 километри, што лежат на 30 метри под површината на земјата и се уште ги чуваат остатоците на околу 6 милиони луѓе.
Првите катакомби се појавуваат во Антички Рим и го продолжуваат своето постоење до 313 година. Во моментов постоењето на катакомбите е загрозено, главно поради присуството на подземни води.