Научници успеаа да предадат мисловна порака меѓу два мозоци, што е исклучително интересен чекор во изучувањето на можностите за телепатија.
Информацијата била преведена во бинарен код и претставена во вид на светла кои лесно се поднесуваат на дешифрирање од примачот.
Технологијата за „читањето” на мозочните бранови е развиена со заеднички напори на експертите од Харвард медицинска школа, француската компанија AxilumRobotics и Универзитетот во Барселона во соработка со Starlab Barcelona.
Во експериментот биле вклучени двајца волонтери. Еден од нив се наоѓал во Индија, а другиот во Франција. Мислата била успешно шифрирана по испраќањето. Научниците сметаат дека наскоро корисниците ќе можат да комуницираат со дигиталниот уред на ниво на директен контакт со нервниот систем.