Марихуаната е добра за бракот и врската?

Можеби е илегална, ама по се изгледа е и корисна.

Најновото истражување покажува дека кај паровите кои заедно пушат канабис постои многу мала веројатност за меѓусебно физичко насилство и злоставување. Се чини дека по малку опуштање со „магичната билка“ и мажите и жените стануваат помалку насилни едни кон други.

Во студијата спроведена на универзитетот во Бафало, биле проучувани 634 љубовни парови во тек на две децении. Со пополнување на анонимни прашалници, испитаниците одговарале на прашања околу конзумацијата на алкохол и дрога, но и за начинот на кој нивниот сакан/а се однесува кон нив.

marijuana-smoking-from-pipe-cartoon-la-times-0102

Иако во ваквите анонимни анкети речиси е невозможно некој од насилниците да го признае таквото однесување, вообичаено е токму жртвите да се искрени за состојбата во која се наоѓаат и отворено да признаат дека партнерите се насилни или физички ги злоставуваат.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Кога ќе се земе се на куп, заклучокот на научниците е дека марихуаната има позитивен ефект на психата, што води кон намалување на шансите да дојде до конфликт и агресија.

- Реклама -