Го отворилe ковчегот на мајка им за да се поздрават, а внатре непозната жена

Иван Чукљек (57) и Бранка Пикутич (59) од Хрватска останале шокирани кога во сандакот во кој требало да ја погребаат нивната мајка пронашле непозната жена.

„Кога во мртовечницата го отворивме ковчегот, за малку ќе се онесвестевме. Внатре не беше нашата мајка, туку непозната жена“, раскажуваат братот и сестрата.

Мајката починала во сабота, а погребот бил закажан за во вторник. Во меѓувреме, Иван и Бранка пошле до мртовечницата за да се поздрават со својата мајка за последен пат.

„Среќа што сестра ми сакаше да го отвориме сандакот. Инаку, ќе погребавме и ќе оплакувавме друга жена. Нашата мајка имаше околу 80 килограми, а жената во ковчегот имаше дупло помалку. Беше нашиот сандак, а непознатата жена носеше облека на нашата мајка“ – објаснува Иван.

profimedia-0070018007[1]

Двајцата ја алармирале болницата, но таму им рекле дека немаат ниту едно тело во нивната мртовечница. Така, следна била известена полицијата, по што се открило дека телото на покојната Иванка се наоѓа во сандакот на сосема друга жена, прилично далеку од местото каде што требало да биде закопана. Другото семејство воопшто не го отворило ковчегот, па за замената дознало од полицијата.

„Шокиран сум. Само сакам да го добијам телото на мајка ми и да ја погребам“, изјави Бранко Плукавец, син на „непознатата жена“ во ковчегот на Иванка.

Управникот на болницата ќе спроведе истрага за да се утврди дали замената настанала таму, или пак во погребалното претпријатие каде што ги облекуваат телата.

- Реклама -